Подари Данини – празнична нега од срцето на природата 

Категорија:

2,330.00 ден

ДОБИЈ БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Дополни ја кошничката, ти недостасуваат уште 3,000.00 ден!
Подарете топлина, грижа и природна убавина со внимателно одбран празничен сет од Danini Cosmetics, создаден со љубов и рачна изработка.
 Сетот содржи:
Рачно изработен природен сапун со магарешко млеко – 140 г
Нежен и хранлив сапун богат со витамини и минерали. Магарешкото млеко ја хидрира, смирува и обновува кожата, идеален за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна и сува.
Органски серум за лице за длабинска хидратација и пигментација – 20 мл
Концентрирана формула од органски ладно цедени масла која интензивно ја хидрира кожата, го подобрува тенот и помага во намалување на пигментацијата и нерамномерниот тон.
Органски шумски мед – 250 г
Природен извор на енергија и имунитет. Богат со антиоксиданси, идеален за секојдневна употреба или како природен лек во зимските денови.
Балсам за уста со ѓумбир и лаванда – 10 г
Изработен од органски путери и билни масла, овој балсам ги храни и заштитува усните, спречува сушење и пукање, со пријатна природна арома и благо затоплувачко дејство.
Две сапунчиња со невен и мед – по 120 г
Со новогодишен мотив, наменети за нега на сува и чувствителна кожа. Невенот смирува и регенерира, а медот длабински ја храни кожата.
Совршен празничен подарок за вашите најблиски – комбинација од природна нега, здравје и празнична магија.

ПОСЛЕДНО ПРЕГЛЕДАНИ ПРОИЗВОДИ