Аргановото масло се нарекува и „Дрво на животот”. Претставува антиоксиданс и ги содржи витамините Ц и Е, кои кожата ја прават поздрава и поубава, како и есенцијални масни киселини. Одлично е како додаток во креми поради изобилството масни киселини кои имаат големо влијание врз тенот на кожата. Аргановото масло го регулира лачењето на себумот и ги лекува акните и лузните предизвикани од акни. На тој начин што лесно се впива во кожата и ја прави сјајна, нежна и здрава. Аргановото масло ја регулира pH вредноста на кожата и помага во заштита од фактори кои може да предизвикаат непоправлива штета. Шеа путерот е богат со масни киселини есенцијални за хидратација на епидермисот и за зачувување на еластичноста на кожата. Тука се и витамините А и Е, високото количество на протеини и минерали. Путерот има обновувачко дејство, но е ефикасен и во борбата против борите, ја одржува влажноста на кожата, штити од УВ зрачење и негативното влијание на средината. Најголема ефикасност има кај сувата и иритирана кожа.