Рачно изработен природен сапун со активен јаглен и зелена глина 140g
300.00 ден
Овој природен сапун содржи зелена глина богата со минерални соли и олигоелементи, кои делуваат поволно на проблематичната кожа. Ситните минерални честици од глината длабински ја чистат кожата, оставајќи ја мека и освежена.
Активниот јаглен, познат по своите моќни прочистувачки својства, помага во отстранување на акни и мозолчиња, особено кај мрсна и проблематична кожа.
Сапунот е збогатен и со етерични масла од рузмарин и еукалиптус. Рузмаринот има смирувачко дејство, ја регенерира и релаксира кожата, додека еукалиптусот делува антисептички и дезинфицирачки, помагајќи во борбата против акни и воспаленија.
✅ Одговара за комбинирана и масна кожа склона кон акни
✅ Длабински чисти и хидрира без да ја наруши природната влажност
✅ Без синтетички мириси, бои и адитиви
✅ Тестиран од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија
Нето тежина: 140 г
