Подари Данини
Категорија: Сет
3,530.00 ден
ДОБИЈ БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Дополни ја кошничката, ти недостасуваат уште 3,000.00 ден!
Сет Данини – луксузна празнична нега од природата
Празничен сет со внимателно одбрани, рачно изработени природни производи за целосна нега на лице и тело.
Сетот содржи:
–Рачно изработен природен сапун со магарешко млеко – 140 г
Нежен, хранлив и кремаст сапун кој ја хидрира и смирува кожата. Магарешкото млеко е богато со витамини и минерали и придонесува за мека, еластична и негувана кожа.
– Органски серум за лице за длабинска хидратација и пигментација – 20 мл
Концентрирана формула од органски ладно цедени масла која длабински ја хидрира кожата, го изедначува тенот и помага во намалување на пигментните дамки.
– Органски шумски мед – 250 г
100% природен, богат со антиоксиданси и хранливи состојки. Го зајакнува имунитетот и претставува вистински природен еликсир за секојдневна употреба.
– Балсам за уста со ѓумбир и лаванда – 10 г
Изработен од органски путери и билни масла. Ги негува, заштитува и регенерира усните, со пријатен природен мирис и благ затоплувачки ефект.
– Рачно изработен природен сапун со невен и мед – 120 г
Со новогодишен мотив, специјално наменет за сува и чувствителна кожа. Невенот смирува и регенерира, додека медот длабински ја храни кожата.
– Природен лосион за тело со органски етерични масла од жалфија, темјан и нероли
Свиленкаста текстура која ја хидрира, омекнува и обновува кожата. Комбинацијата од етерични масла делува смирувачки, регенеративно и ароматерапевтски.
– Рачно изработен сапун со коприва со новогодишен мотив
Наменет за нега на лице и тело.
Копривата ја чисти кожата, го балансира лачењето на себум и придонесува за свеж и здрав изглед.
– Регенеративна крема за лице со темјан
Интензивна нега за длабинска хидратација и обновување на кожата. Темјанот помага во регенерација, смирување и подобрување на еластичноста на кожата.
– Совршен празничен подарок – комбинација од природна нега, здравје и луксуз во едно.
