Подари Данини
2,210.00 ден
Рачно изработен, 100 % природен глицерински сапун 240 грaми
Категорија: Сапуни
480.00 ден
ДОБИЈ БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Дополни ја кошничката, ти недостасуваат уште 3,000.00 ден!
Рачно изработен 100% природен глицерински сапун во форма на грозд, создаден за нежно и ефикасно чистење на чувствителната кожа.
Благодарение на високата содржина на природен глицерин, сапунот ја одржува оптималната хидратација, ја зајакнува кожната бариера и спречува сушење, оставајќи ја кожата мека и негувана.
Формулата е изработена од високо квалитетни билни масла – кокосово и рицинусово масло, кои обезбедуваат богата, кремаста пена и длабинска, но нежна нега.
Збогатен е со етерично масло од лаванда, познато по своето смирувачко и регенеративно дејство, кое помага при иритации, црвенило и чувствителност, како и со етерично масло од жалфија, кое има антисептично, антиинфламаторно и прочистувачко дејство.
Сапунот е погоден за секојдневна употреба, за сите типови кожа, а особено за чувствителна, сува и реактивна кожа.
Не содржи хемиски состојки и е изработен со посебна грижа за кожата и природата.
Погоден за употреба на лице и тело. Состојки (Ingredients): Кокосово масло, рицинусово масло, растителен глицерин, етерично масло од лаванда, етерично масло од жалфија.
Начин на употреба: Сапунот се поставува на чешма или во нејзина непосредна близина, во висечка положба. При контакт со вода се навлажнува и нежно се масира меѓу дланките или директно на кожата до создавање фина пена. По употреба се остава да се исцеди и исуши во висечка положба, со цел да се продолжи неговата употреба.
