Авокадото е овошје што било одгледувано од Ацтеките во Централна Америка уште пред петстотата година пред нашата ера. Денес, најголем произведувач во светот е Мексико.
Авокадото дава плодови во текот на целата година. Маслото од авокадо се добива со ладно цедење на пулпата од плодот. Има ниско ниво на киселост и оксидациски продукти, а ја задржува и високата концентрација на витамин Е. Хемискиот состав е многу сличен како кај маслиновото масло. Многу е богато со мононезаситени масни киселини (82%) за кои се врзуваат главните терапевтски дејства на маслото. Маслото од авокадо се користи и во кулинарството и во козметиката.
Го контролира и менува нивото на холестерол во крвта и го штити кардиоваскуларниот систем. Маслото содржи голема количина олеинска киселина која ја инхибира апсорпцијата на холестеролот и на триглицеридите и го спречува транспортот на лошите маснотии низ крвотокот. Го запира процесот на артеросклероза и формирањето плак. Го снижува ЛДЛ холестеролот и триглицеридите, а го зголемува ХДЛ холестеролот.
Авокадото има висока концентрација на омега 3 - делува антивоспалително и антидепресивно. Потоа, има висока содржина на растворливи влакна - најголема количина во однос на сите други видови овошје со што ја подобрува состојбата на срцето и системот за варење. Високо ниво на витамини Е, Д и А - го намалува ризикот од висок притисок, кардиоваскуларни болести, Алцхајмерова болест и некои карциноми. Поради значајното ниво на лутеин - ги штити очите од УВ зрачење и спречува макуларна дегенерација која доведува до слабеење на видот.
Има специфичен антиоксидативен ефект – маслото од авокадо може да ги уништи слободните радикали во митохондриите, што не е случај со ниту еден друг антиоксиданс. Митохондриите се органели кои создаваат енергија за сите процеси во телото и ако се оштетат, многу брзо доаѓа до појава на болести и забрзано стареење.
Се употребува во козметичката индустрија за нега на кожата и косата.
Исклучително силно продира во кожата сé до дермисот. Моќно хидрира, омекнува и регенерира. Погодно е за сите типови кожа, а особено за сува кожа. Помага кај сите болести на кожата – егзема, псоријаза, розацеа, акни, старечки флеки.
SPF 4-15 - ја штити кожата од UVA и UVB зрачењ
е.За коса - длабински продира во коренот и кутикулите на влакната, ја обновува структурата на косата, хидрира, дава сјај, го подобрува квалитетот на косата (со редовна употреба), го забрзува нејзиното растење, ги обновува краевите и го спречува опаѓањето. Штити од оштетувања што ги предизвикува високата температура (најчеста причина за лошиот квалитет на косата). Штити од UVA и UVB зрачење.