Данини се труди да ја донесе природата во секој дом преку своите производи.
Користете ги нашите производи и подарете ја најдобрата грижа за здравјето на вашата кожа.

Нашата приказна

Како семејство, извесен период, не бевме свесни колку е вреден занаетот (сапунот) на нашите претходници. Дознав дека мојата баба правела сапуни. Ги изработувала рачно, од животинска маст и лој. Тоа го научила и наследила и мајка ми. Се сеќавам почнав да користам сапун кој мајка ми го направи пред неколку години. Тој и по толку време, сé уште, беше употреблив иако во него немаше ниту мирис, ниту билни додатоци. Сапуните ги употребувавме за повеќе намени и сите во семејството имавме здрава и убава кожа.

Во тој период, немав намера да се занимавам со производство на сапун. Но, се соочивме со многу сериозен проблем со кожата на нашите деца. Кога ги користевме комерцијалните сапуни, на нивната кожа се појавуваше црвенило и чешање веднаш после секое капење со сапун.

Тоа, верувајте, беше резултат на агресивните средства за лична хигиена кои се декларираа како бебешки, но всушност беа полни со хемикалии. Затоа одлучив да истражам како може да се направи сапун со убав мирис и боја, притоа да не биде детергент како индустриските сапуни.

Посетив неколку специјализирани обуки за изработка на природни сапуни и природна козметика. Откако научив, изработив неколку парчиња и по извесен период на користење од членовите на семејството, роднините и пријателите, добив несебична поддршка да го основам брендот Данини.

Бренд на кој сме многу горди. Исто така, многу сум свесна дека поради брзиот начин на живеење и борбата за подобар живот, честопати, забораваме дека нашето здравје и здравјето на нашите деца треба да биде приоритет. За добро здравје многу е важно како се храните.

Но, исто толку важно е и како се грижите за хигиената на Вашето тело. Таа треба да биде секојдневна, бидејќи се работи за најголемиот човечки орган -КОЖАТА. Затоа одлучив да го спојам знаењето, здравјето и природните бои, билки и мириси од нашата преубава Македонија.

Уште во училиште, по хемија учевме дека сапуните се добиваат со мешање на растителни или животински масла и масти со силен алкален раствор.

Мастите и маслата се составени од триглицериди, три молекули на масните киселини прикачени на еден молекул на глицерол. Во самиот процес на производство, содата како силна база реагира со масните киселини од маслата.

Производ на таа реакција се сапунот, глицеролот и водата. Со тек на време, водата испарува во процесот на сушење на сапунот (сушењето трае од 4 до 6 недели). На крајот од постапката, пред сапунот да се излие во соодветен калап, додаваме билки (невен, коприва), ливадски мед, зелена глина, активен јаглен, кафе, минерални пигменти, витамин Е, природна свила, етерични масла за да се подобри квалитетот на сапунот, неговиот изглед и да се збогати со природни конзерванси и антиоксиданси.

Сапунот, по својот хемиски состав, е сол. Во финалниот производ нема ниту сода, ниту масла, освен доколку се остави еден процент вишок масла за дополнителна нега на кожата. Од друга страна, глицерионот како хумектант привлекува вода, односно со тоа ја чува хидратацијата на нашата кожа. Природните сапуни рачно почнавме да ги изработуваме во 2015 година.

 

СРДЕЧНО ВАША, Даниела

За секој

купен сапун

од 250 ден.

добивате

уште еден

гратис

Препораки

Презадоволна сум од производите на Данини природна козметика. Најмногу ми се допаѓаат сапуните со форми кои се идеален поклон за секоја пригода! Преубава козметика за целото семејство.

116-1

Убавка Стоименовска

Користејќи ги производите на ДАНИНИ научив неколку работи, дека може да се има козметика која е одлична за мојата кожа и која покрај врвниот квалитет има пристапни цени!

111

Габриела Јакшевски

Подарете природни производи со ЛОГОТО на вашата компанија