За изработка на сапуните ДАНИНИ користиме билни масла (кокосово, маслиново, палмино масло и рицинус), натриум хидроксид (NaOH) и дестилирана вода. Користиме ладен процес на сапонификација (САПУНИФИКАЦИЈА). Во самиот процес, содата како силна база, реагира со масните киселини од маслата. Производ од оваа реакција се сапунот, глицеролот и водата. Водата испарува во текот на сушење на сапунот (во рок од 4 до 6 недели). Глицеринот останува како извонреден хумектант во сапунот. На крајот од постапката, пред сапунот да се излие во калап, додаваме билки (невен, коприва), ливадски мед, зелена глина, активен јаглен, кафе, минерални пигменти, витамин Е, природна свила, етерични масла за подобрување на квалитетот на сапунот, на неговиот изгледот и еден вид природни конзерванси и антиоксиданси.
Базата во реакција со киселината дава сол. Така сапунот по својот хемиски состав е Сол. Во неговиот финален состав нема сода, нема ниту масла, освен доколку се остави еден процент вишок масла за дополнителна нега на кожата. Сите состојки што ги користиме за изработка на сапуните се природни, освен NaOH (натриум хидроксидот) без кој не може да се направи сапун. Глицеринот останува во сапунот. Тој е хумектант, што значи дека привлекува вода а со тоа ја обезбедува хидратацијата во нашата кожа.