Етеричните масла се концентрирани течности кои се добиваат од билките-цветот,стеблото,кората од дрвјата и имаат пријатен мирис која благотворно делува на умот,телото и душата.
Затоа со векови се користат за најразлична намена:за лечење,збогатување на вкусот на храната,во луксузни миризливи свеќи,парфеми и лекови.
Се добиваат од стотици билки што значи често ја менуваат бојата,мирисот,изгледот и текстурата.
Секој метод произведува малку поинаков производ па така можеме да добиеме абсолут,концентрат,масло и есенцијално масло.Сите делуваат извонредно на телото и умот.
Ароматерапијата е форма на алтернативната медицина која користи испарливи растителни материјали,уште познати како етерични масла но и други ароматични(мирисни)соединенија,со цел да го промени мислењето,расположението,спознавачките способности и здравјето на една личност. Парфемот е мешавина од миризливи етерични масла и ароматни соединенија,фиксативи и растворувачи,кои се користат за да им дадат на луѓето,објектите и животните простори пријатна миризба.
Модерното производство на парфеми започнало во доцниот 19 век со комерцијалната синтеза на ароматичните соединенија како ванилин и кумарин,кои овозможиле создавање на парфеми со претходно недостижни мириси единствено од природни ароматични соединенија.