Во козметичката и фармацевтска индустрија па и наука не постои општо прифатена дефиниција за тоа што е природна и органска козметика. Затоа ќе ви кажеме што за ДАНИНИ ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА претставува природната и органска козметика. Природните козметички препарати се произведени исклучиво од природни масла како: араганово, кокосово, палмино, маслиново, јојоба, макадамија, масло од семки од грозје, рицинусово, авокадо, бадемово, шеа путер и какао путер.
Природната и органска козметика не користи препарати добиени од животински масти освен мед. Состојки од неорганско потекло кои ги употребуваме се натриум хидроксидот (сода) и минерални пигменти. Природната козметика на ДАНИНИ не користи вештачки добиени бои, мириси или средства за презервација. Наместо тоа користиме минерални пигменти, етерични масла и процеси кои овозможуваат нашите продукти да ги зачуваат своите својства одреден временски период (пократок од индустриски добиените козметички препарати) и да овозможат максимален природен ефект врз вашата кожа, тело и дух. Со други зборови нашите козметички производи се добиени од природни извори, проверени и користени со векови во исхраната и медицината, со користење на мал број одбрани процеси кои не ги менуваат природните и корисните карактеристики на маслата.