300.00 ден
Ова масло придонесува во лекување на дерматитис,акни,брчки,сува и
оштетена кожа,флеки,изгореници и др.
Тврд шампон со коприва
Боењето на косата предизвикува одредено оштетување, ја прави кревка и ја одзема мекоста и сјајот. Аргановото масло ќе го спречи оштетувањето на косата, но , исто така, ќе го продолжи и траењето на бојата. Тоа е богато со омега 3 и омега 9 масните киселини, поради кои ја храни косата од врвите до коренот. Ја подобрува јачината на косата и го спречува пукањето на влакната.
Маслото од бадем е богато со витамин А, го забрзува растот на косата и помага со обнова на влакното. Освен што ја влажни, храни и заштитува кожата, ја чини мека и свиленкаста, го забавува стареењето и го подобрува тенот.
Маслото од авокадо длабински продира во коренот и кутикулите на влакната, ја обновува структурата на косата, хидрира,дава сјај, го подобрува квалитетот на косата (со редовна употреба), го забрзува растењето на косата, ги обновува краевите, го спречува опаѓањето.
Рицинусовото масло претставува течно злато за косата.Не само што и дава здрав изглед,туку ја подобрува нејзината текстура,го забрзува нејзиниот раст и влијае благопријатно.Густо е, со златна боја која ја добива со ладно цедење на плодовите од растението рицинус.
Шеа путерот се користи во козметичката индустрија. Се користи како состојка во млекото за тело, сапуните, кремите за раце, лосионите и регенераторот за коса, но сепак најголема ефикасност ја има во произвдите за сува коса.
Исто така е делотоворен во регенерација на косата, практичен и неопходен за секоја жена која посакува здрава и негувана коса.
Кокосовото масло е еден од најдобрите природни нутриенти за косата. Тоа помага за здрав раст на косата, и ја регенерира сувата и оштетена коса, притоа овозможувајќи и подобра заштита и давајќи и посебен сјај.
Маслиновото масло исто така е природен дар и најдобар сојузник против првут и расцветани врвови на косата.Маслото од маслинки е најдоброто нешто од природата кое можете да му го дозволите на вашите кожа и тело.Моќно средство за телото,за кожа како свила и коса како самовила.