Кокосовото масло е cоставено од околу 50% лауринска киселина. Токму оваа киселина се наоѓа и во мајчиното млеко, кое претставува единствен друг познат добар извор на лауринска киселина. Ова е состојката која на кокосовото масло му дава неверојатни антивирусни, антигабични и антибактериски својства и е корисна за внатрешна и за надворешна употреба.
Кокосовото масло дејствува како ефективна крема за сите типови кожа, вклучувајќи и сува и распукана кожа, го забавува појавувањето на брчките, опуштањето на кожата и предвременото стареење. Помага и во лекување на разни кожни болести, вклучувајќи псоријаза, дерматит, егзема и други кожни инфекции.
Кокосовото масло е еден од најдобрите природни нутриенти за коса. Тоа помага за здрав раст и ја регенерира косата, притоа овозможувајќи и подобра заштита и посебен сјај.