Шеа/ Ши путерот се добива од плодовите на шеа дрво кое природно расте во Африка.
Плодовите од него се уште се собираат рачно во месеците март и април, се сушат и рачно се толчат со цел да се добие чист и природен производ односно шеа путерот. Овој путер содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф. Самото дрво се нарекува “дрво на здравје и младоста“ токму поради тоа што шеа путерот придонесува за помлада, поздрава и поубава кожа.
Африканските жени кои се познати по меката, свиленкаста и мазна кожа, со генерации го употребуваат овој путер како единствена состојка за нега на кожата, не само за да ја оддржат кожата поеластична, туку и за да ги намалат штетните ефекти на сончевите зраци. И навистина скоро сите органски креми за заштита од сонцето покрај физичките филтри обавезно употребуваат и шеа путер токму поради оваа причина.
Шеа путерот спаѓа во некомедогени масла, поточно путери, не ги запушува порите и затоа може да се употребува и за нега на кожата на лицето.
Ја омекнува и хидратира кожата и спречува нејзино пукање (особено во зимскиот период, во летниот период штити од негативните UV зраци)
*Ги намалува иритираноста и црвенилото на кожата
*Ја смирува кожата при изгореници
*Ја враќа еластичноста на кожата
*Спречува појава на акни, брчки и стрии
*Помага при обновување на кожата и отстранување на флеки
*Помага против перутање на кожата
*Oдличен е и за нега на суви и испукани пети
*Помага при осетлива кожа, егзема и дерматитис
*За нега на косата ( како маска / за суви и испукани врвови)
*Мажите можат да го користат како крема за после бричење.