250.00 ден
Рачно изработен природен сапун со кафе
Љубителите на кафе го обожаваат, неверојатна формула за длабинско чистење на кожата.
Кафето како додаток во сапунот има пилинг ефект со што длабински ја чисти кожата, ја поттикнува циркулацијата на цело тело и одлично делува против целулит.
Етеричното масло од рузмарин делува седативно и ја релаксира и регенерира кожата, додека етеричното масло еукалиптус делува антисептично и дезинфециски, кожата станува нежна и мека.
Овој сапун одговара за сите типови кожа.
Состав: Вода, Билни масла: Кокосово, палмино, маслиново, рицинус, натриум хидроксид (нема слободен во финалниот производ) кафе,природна свила, Е витамин. Етерични масла рузмарин и еукалиптус.
Ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност.
Без синтетички мириси, бои и адитиви.
Испитувањето го врши Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија.
Нето тежина: 140г