Рицин е еден од најсилните отрови на светот, но неговото масло воопшто не е токсично. Всушност е лековито. Се добива од растението рицинус (лат. Ricinus communis). Поради своите лековити својства народното име му е „дланката на Христос“. Низ историјата се користело во различни цели. Пример, во Грција се користело како маст за тело и за подобрување на растот на косата.
Но, она што го прави посебно е многу ретката рицинолеична киселина поради која ова масло е толку лековито. Оваа рицинолеичка киселина може да се најде само во ова масло и во некои ретки видови печурки. Поради високата содржина на оваа киселина во неговиот состав, рицинусовото масло покажува силни анти-микробиолошки и анти-воспалителни дејства.
Освен како помош при болести, маслото се користи и во козметиката поради високата содржина на витамин Е. Поради своите хидратантни својства, тоа е идеално за сува кожа и коса.
Рицинусовото масло претставува течно злато за косата. Не само што дава здрав изглед, туку ја подобрува нејзината текстура, го забрзува растот и на неа влијае многу благопријатно. Густо е, со златна боја која се добива преку ладно цедење на плодовите од растението рицинус.
Помага во отстранување на мозолчиња и акни, ја чисти и хидратизира кожата. Редовната примена, исто така, го спречува паѓањето на косата и отстранува првут.