Маслото од семки од грозје содржи линолова киселина, линоленска киселина, олеинска киселина, палмитинска киселина, стераинска киселина, витамин Е, витамин А, омега-9, омега-6 и омега-3 масни киселини.
Маслото од семки од грозје лесно се впива во кожата, пришто ја хидрира и ја негува.
Го подобрува производството на колаген. Маслото од семки од грозје е богато со олигомерни комплекси кои го обновуваат колагенот во кожата. Доволно е да го нанесете навечер, пред спиење и веќе следното утро, да ја забележите разликата. По неколку употреби, Вашата кожа во потполност ќе биде препородена и затегната.
Ова природно масло ја балансира pH вредноста на кожата и ја враќа изгубената влажност. Може да користите производ на база на ова масло или да го користите во чиста форма за тонирање на кожата и добивање дополнителен сјај.
Маслоот од семки од грозје ќе го намали воспалението на кожата и ќе го спречи настанувањето на лузните и флеките од акни.