Аргановото масло ja хидрира косата и ја чини мека и мазна. Како што аргановото масло навлегува во косата, така ја подобрува нејзината еластичност и го стимулира нејзиниот раст. Поради антиоксидантните својства ги регенерира клетките на косата, а со тоа го намалува и нејзиното оштетување. Одлично е за сите типови коса. И помага на косата да се опорави и да го врати сјајот. Ја штити од штетните хемикалии и фенирањето. Одлично е за нега на косата во текот на целата година, особено во зимскиот и летниот период, бидејќи тогаш е изложена на зголемени штетни влијанија. Боењето на косата предизвикува одредено оштетување, ја прави кревка и ја одзема мекоста и сјајот. Аргановото масло е богато со омега 3 и омега 9 масни киселини, поради кои ја храни косата од врвовите до коренот. Ја подобрува цврстината на косата и го спречува пукањето на влакната. Аргановото масло е неверојатно лесно и лесно продира во кожата, овозможувајќи свилено и мазно чувство.
Лековитите својства на бадемовото масло се познати уште од античките времиња на Медитеранот, а неговата примена е универзална. Се користи за целокупна заштита на телото и во исхраната. Богато е со растителни протеини, витамин А, Б1, Б2, Б6 и витамин Е. Покрај тоа, содржи три вида есенцијални масни киселини Омега-3, Омега-6 и Омега-9. Бадемово масло се добива со екстракција на сувите плодови на бадем. Бидејќи е богато со витамин А, го забрзува растот на косата и помага со обнова на влакното. Освен што ја влажни, храни и заштитува кожата, ја чини мека и свиленкаста, го забавува стареењето и го подобрува тенот.
Маслото од авокадо се добива со ладно цедење на пулпата од авокадото. Има ниско ниво на киселост и оксидациски продукти, ја задржува високата концентрација на витамин Е. Хемискиот состав е многу сличен како кај маслиновото масло. Многу е богато со моно незаситени масни киселини (82%) за кои се врзуваат главните терапевтски дејства на маслото. Маслото се користи и во кулинарството и во козметиката. Длабински продира во коренот и кутикулите на влакната, ја обновува структурата на косата, хидрира, дава сјај, го подобрува квалитетот на косата (со редовна употреба), го забрзува растењето на косата, ги обновува краевите и го спречува опаѓањето. Штити од UVA и UVB зрачење.
Рицинусово масло Рицин е еден од најсилните отрови на светот, но неговото масло воопшто не е токсично. Всушност е лековито. Се добива од растението рицинус (лат. Ricinus communis). Поради своите лековити својства народното име му е „дланката на Христос“. Низ историјата се користело во различни цели. Пример, во Грција се користело како маст за тело и за подобрување на растот на косата. Но, она што го прави посебно е многу ретката рицинолеична киселина поради која ова масло е толку лековито. Оваа рицинолеичка киселина може да се најде само во ова масло и во некои ретки видови печурки. Поради високата содржина на оваа киселина во неговиот состав, рицинусовото масло покажува силни анти-микробиолошки и анти-воспалителни дејства. Освен како помош при болести, маслото се користи и во козметиката поради високата содржина на витамин Е. Поради своите хидратантни својства, тоа е идеално за сува кожа и коса. Рицинусовото масло претставува течно злато за косата. Не само што дава здрав изглед, туку ја подобрува нејзината текстура, го забрзува растот и на неа влијае многу благопријатно. Густо е, со златна боја која се добива преку ладно цедење на плодовите од растението рицинус. Шеа путер Бледо жолтата маст се добива од плодовите на оревите кои растат на дрвата Шеа. Позната е по чудотворното дејство на кожата поради брзата апсорција, не оставајќи никакви масни траги. Неговата намена кај африканскиот народ е голема. Од мелем за усни и балсам за коса до лековити масти, креми за сончање, лосиони за нега на бебешка кожа, како состојка во сапуните и во средствата за чистење. Шеа дрвото уште се нарекува „женско злато” бидејќи е извор на егзистенција на илјадници Африканки. Поради тоа, забрането е да се сечат стеблата на дрвото, а неговите плодови се сметаат за боженствени. Шеа путерот се користи во хранaта, но сепак неговата најголема примена е во козметичката индустрија. Се користи како состојка во млекото за тело, сапуните, кремите за раце, лосионите и регенераторот за коса. Најголема ефикасност покажуува кај сувата и иритирана кожа. Тој е делотоворен во регенерација на старата кожа. Исто така, путерот е добар за смирување и хранење на косата. Практичен, поволен и неопходен за секоја жена која посакува здрава и негувана коса и кожа. Kокосово масло Кокосовото масло е cоставено од околу 50% лауринска киселина, која се наоѓа и во мајчиното млеко. Тоа, всушност, претставува единствен друг познат добар извор на лауринска киселина. Ова е состојката која на кокосовото масло му дава неверојатни антивирусни, антигабични и антибактериски својства и е корисна за внатрешна и за надворешна употреба. Кокосовото масло помага за здрав раст на косата. Ја регенерира сувата и оштетена коса, притоа овозможувајќи подобра заштита и давајќи и посебен сјај. Маслиново масло Маслиновото масло, исто така, е природен дар и најдобар сојузник против првутот и расцветаните врвови на косата. Маслото од маслинки е најдоброто нешто од природата кое може да им го овозможите на вашите кожа и тело. Претставува моќно средство за телото, за кожа како свила и коса како самовила.